Путин му подари хеликоптер на претседателот на Зимбабве (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин му подари хеликоптер на претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва, објави на Твитер Министерството за информации на оваа африканска земја.

Loading...

– Неговата екселенција претседателот Путин на неговата екселенција на претседателот Емерсон Дамбуџа Мнангагва му подари претседателски хеликоптер, кој наскоро ќе биде доставен во Зимбабве – се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Како што објасни подоцна секретарот за печат на рускиот лидер, овој подарок е направен минатата година.

Претходно шефовите на држави одржаа состанок во рамките на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург.