„Путин лично ја донесе одлуката за азил“: Кремљ ја крие локацијата на Асад во Москва

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија Владимир Путин лично ја донел одлуката за азил на соборениот сириски лидер Башар ал Асад, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Песков истакна дека рускиот претседател донел одлука да им даде азил на Асад и неговото семејство, но дека се уште нема план тие двајца да се сретнат.

Безбедноста на руските воени бази во Сирија е многу важно прашање, нагласи портпаролот на Кремљ.

„Се разбира, ова е многу важно прашање“, рече Песков.

Москва е во дијалог и со Анкара, имајќи предвид дека Турција е вториот главен играч кога станува збор за Сирија. Песков, сепак, посочи дека Кремљ нема што да каже за локацијата на сирискиот претседател Башар ал Асад во Москва.

„Сега немаме што да кажеме за тоа каде се наоѓа господинот Асад“, рече Песков.