„Путин ќе се обиде да поттикне конфликти на Балканот“, тврди поранешен амбасадор

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги „засили немирите“ на Запад ако продолжи да влегува во подлабоки неволји во Украина, изјави поранешниот британски амбасадор во Русија, Сер Родерик Лајн.

Loading...

„Мислам дека тие ќе се обидат да поттикнат повеќе конфликти на Балканот. Мислам дека би можеле да видиме уште поголема руска активност на Источна и Северна Африка“, изјави Лин за Sky News.

Тој додаде дека мисли дека рускиот лидер „во одреден момент“ ќе понуди некаков вид на прекин на огнот во замена за признавање на анексијата на четири западни провинции на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

„Мислам дека тој ќе употреби низа тактики бидејќи ситуацијата на теренот во Украина станува се потешка за неговите војници“, продолжи тој.

Војна на трошење

„Интензитетот на војната ќе се намали затоа што двете страни се прилично исцрпени. И мислам дека влегуваме во некаков ќор-сокак со повремени престрелки преку линијата на контрола и долга, долготрајна војна на трошење“, рече тој.

Тој рече дека верува оти Путин е „целосно опседнат“ со Украина и дека рускиот претседател мисли дека ќе победи.

„Навистина не се гледа крајот. Не се работи само за последните шест месеци. Оваа војна трае осум и пол години. А Путин е целосно опседнат со Украина“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...