Путин ја заврши турнејата низ немирниот регион

Сподели со своите пријатели

Заврши средбата меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман ал-Сауд во Ријад.

Loading...

Со ова заврши и блискоисточната турнеја на рускиот лидер, кој претходно престојуваше во Обединетите Арапски Емирати.

Како што изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, средбата на која првично присуствуваа делегациите на двете земји, а потоа продолжи во тесен состав и тет-а-тет, траеше повеќе од три часа.

Путин и саудискиот принц имаа детална размена на мислења за прашања од интерес на двете земји.

Се разговараше и за соработката во рамките на ОПЕК+, палестинско-израелскиот конфликт и други важни прашања.

„Прво, доста долго седевме на состанок со широк состав, на кој учествуваа сите вицепремиери, раководители на ресори, министри, раководители на компании. Беа детално разменети мислења за областите во кои страните се заинтересирани за натамошен развој и продлабочување на соработката: економска, инвестициска соработка, култура, размена на искуства. Престолонаследникот Мохамед и претседателот Путин потоа го продолжија разговорот лице в лице. Двајцата ручаа заедно, со преведувачи. Не можам точно да кажам за што се разговараше. Но, генерално, јасно е дека се зборуваше за израелско-палестинскиот конфликт и други чувствителни прашања на меѓународната агенда“, рече Песков.

Песков истакна дека засега „не се зборува за заеднички мировни иницијативи меѓу Русија и Саудиска Арабија“.

Како што додаде, Русија и Саудиска Арабија разбираат дека тие се одговорни за стабилната состојба на енергетскиот пазар.

Loading...

Во таа насока, лидерите на двете земји истакнаа дека ќе ја продолжат соработката во рамките на ОПЕК+.

Песков рече и дека инвестициската соработка меѓу Русија и земјите од Блискиот Исток ќе продолжи, а деталите нема да се објавуваат „поради големиот број непријатели“.

Зошто Путин го следеа ловци?

Песков објасни дека авионот на Путин го следеле руски ловци Су-35С бидејќи рускиот лидер престојувал во проблематичен регион, па биле преземени сите мерки за да се обезбеди безбедноста на рускиот претседател.

„Тоа е проблематичен регион. ОАЕ и Саудиска Арабија се стабилни и безбедни земји, но околината, соседниот регион е полн со опасност и непредвидливост, затоа се преземаат сите мерки за да се обезбеди безбедноста на рускиот лидер на потребното ниво“, рече Песков.

Тој рече и дека престолонаследникот на Саудиска Арабија дефинитивно ќе ја посети Русија, но датумот на посетата не е одреден.

Путин на претседателот на ОАЕ му подари слика, а за возврат доби мозаик.

Руските и саудиските дипломати подготвуваат заеднички документ за резултатите од преговорите, но не се планира посебен документ за решавање на ситуацијата во Украина, посочи Песков.

Саудискиот престолонаследник на неговото збогување му се заблагодари на Путин за посетата.

Loading...

„Ви благодарам многу за вашата посета, претседателе. Ви посакувам среќен пат“, рекол Бин Салман поздравувајќи го рускиот лидер, пренесува Спутник.

На блискоисточната турнеја, шефот на руската држава беше придружуван од делегација составена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, вицепремиерот Андреј Белоусов, министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров, вицепремиерот Александар Новак, директорот на Централната банка Елвира Набиулина, директор на „Роскосмос“ Јуриј Борисов, директор на „Росатома““ Алексеј Лихачев. Во руската делегација има и претставници од стопанството.