Путин и Токаев телефонски разговарале за ситуацијата во Русија

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Казахстан и на Руската Федерација Касим-Жомарт Токаев и Владимир Путин телефонски разговарале, а Путин го информирал Токаев за актуелната ситуација во земјата, соопшти денеска прес-службата на казахстанскиот лидер.

Loading...

„Претседателот Касим-Жомарт Токаев телефонски разговараше со претседателот на Русија. Владимир Путин го информирал за ситуацијата во земјата“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Токаев истакнал дека тековните настани се внатрешна работа на Русија.

Тој додаде дека уставниот поредок и владеењето на правото се неопходен услов за одржување на редот и мирот во државата, основа на безбедноста и успешен развој на општеството.

Путин му се заблагодарил на Казахстан за разбирањето за моменталната ситуација во Руската Федерација, се наведува во соопштението, пренесува Танјуг.