Путин го разреши директорот на Роскосмос

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Јуриј Борисов од функцијата генерален директор на Роскосмос и на негово место го назначи Дмитриј Баканов, соопштено е на каналот Телеграм на Кремљ.

Loading...

Одлуката за смена на шефот на руската државна корпорација за вселенски активности стапува во сила денеска, пренесува ТАСС.

Пред неговото именување во Роскосмос, 39-годишниот Баканов работел во Министерството за транспорт како заменик министер.

На оваа позиција тој беше особено вклучен во прашањата за иновациите, вклучувајќи го и беспилотниот транспорт, соопшти агенцијата.

Пред да се приклучи на руското Министерство за транспорт, Баканов беше на чело на сателитскиот систем Гонец од 2011 до 2019 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека нападнала аеродром во руската област Краснодар и предизвикала пожар

Руското Министерство за транспорт соопшти дека му честитало на Баканов за неговото назначување и му посакало континуиран успех на новата функција. Борисов е на чело на Роскосмос од 2022 година, кога го замени Дмитриј Рогозин.

Пред неговото именување, тој работеше како вицепремиер на Руската Федерација, надгледувајќи го технолошко-одбранбениот комплекс, а пред тоа беше заменик-министер за одбрана на Русија, јави ТАСС.