Пуштена во употреба пругата Куманово – Бељаковце (ФОТО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Пругата од Куманово до Бељаковце од денеска официјално е пуштена во употреба, скоро 30 години откако почна нејзината изградба.

 

 

Меѓу првите патници што се возеше со возот по неа денеска беше премиерот Христијан Мицкоски.

 

 

Loading...

Тој истакна дека ова е стратешки и важен проект за Владата заедно со коридорот 10.

– Ја сум убеден дека, наскоро од денска и втората секција ќе се заврши, односно ќе се заврши во рокот којшто е предвиден во договорот. А многу скоро од денеска, ќе заврши тендерската процедура и за третата секција, со што ќе бидеме целосно поврзани со нашиот источен сосед. А со тоа практично ќе бидеме и дел од еден многу важен коридор, не само за Европската Унија, туку и за НАТО Алијансата, а тоа е коридорот којшто ги поврзува Бугарија, Македонија, Албанија, а потоа и Италија, односно Коридор 8 којшто ги поврзува Црното море со Јадранското, рече Мицкоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се прошируваат гаражите на ТППЕ Куманово, доаѓа современо противпожарно возило

 

 

Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици Ново Куманово и реконструирана постоечката железничка станица Куманово, шест стојалишта, пет мостови, еден тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.

 

Loading...

 

На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално -телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

 

 

Последниот воз на овој правец минал во 1996 година.

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен 14-годишник од Куманово затекнат при обид за кражба

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски