Пума од Русија е хит на Инстаграм. Ја следат повеќе од 1,8 милиони луѓе, а нејзините сопственици Марија и Александар Дмитриев редовно објавуваат нејзини смешни и слатки фотографии и снимки.
Тие неодамна објавија видео од пума како спие со Александар. Го зеде креветот како да е нејзин и го прегрна својот сопственик.
View this post on Instagram
“Овде за трето лице нема место“, напиша Марија која го сними видеото. Следбениците на оваа пума се воодушевени од она што го видоа.
„Колку слатко“, „Каква љубов му дава на својот татко“, „Меси многу го сака својот татко“, „Ова е најслаткото нешто што сум го видел“, „Се топам, ова е љубов“, се само некои од коментарите.
Пумата по име Меси е родена во октомври 2015 година. Изгледа како голема домашна мачка. Спие со сопствениците, игра и оди на прошетки.
View this post on Instagram