ПУЧ ВО НИГЕР: Армијата го собори претседателот, полициски час низ земјата

Сподели со своите пријатели

Армијата на Република Нигер соопшти дека Мохамед Базума е сменет од функцијата претседател на државата и дека ги затвораат границите на републиката, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на соопштението на армијата објавено од националната телевизија.

Loading...

– Границите на земјата се затворени, прогласен е полициски час низ целата земја – пренесува агенцијата во соопштението на армијата.

Според агенцијата Франс прес, која се повикува на изјавата на воените бунтовници, сите државни институции престанале да работат.

Подоцна, воените бунтовници издадоа изјава со која ја гарантираат безбедноста на членовите на владата, објави ТВ Ал Хадат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владејачката партија во Јужна Кореја одлучи да не го поддржи импичментот на Јун

– Го потврдуваме почитувањето на физичкиот и моралниот интегритет на поранешните власти во согласност со човековите права – се наведува во документот што на телевизија го прочитал полковникот Амаду Абдраман, со кој имало уште девет лица во воени униформи.

Тие додаваат дека одлучиле „да стават крај на овој систем поради влошената безбедносна, економска и социјална состојба“.

Кабинетот на претседателот на Нигер, Мохамед Базум вчера соопшти дека членовите на претседателската гарда започнале операција против републиката и дека армијата е подготвена да ги нападне, „ако не се вразумите“.

Наводната причина за бунтот била намерата на Базум да го отстрани командантот на претседателската гарда, генералот Омар Чиани.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ХОРОР ВО ХАГ: Експлозија и пожар уништија зграда, 20 луѓе заробени во урнатините