Во раните утрински часови и претпладне сеуште ќе има умерена облачност во северната и источната половина од земјата, додека на југозапад ќе биде претежно ведро, но веќе околу пладне се очекува претежно ведро време низ целата земја, пишува порталот МетеоПро.мк.
Минималните температурни вредности ќе се движат од -4 ди 0, додека максималните во текот на денот ќе достигнат од 5 до 9 степени целзиусови.
И во околината на Куманово времето денеска ќе биде сончево со западен ветер, но послаб за разлика од вчерашниот ден. Температурата во текот на денот ќе се искачи до 7-от степен, а минималната ќе се спушти 6 степени во негатива за време на ноќта.
Дестабилизација на временските услови повторно се очекува во вторник и среда.