Нов Зеланд го потврди првиот случај на беснило во земјата, кај пациент заразен во странство кој починал од оваа вирусна болест, соопштија локалните власти.
Лекарите ги примениле „сите мерки за контрола на инфекцијата“ во двете болници каде што бил лекуван пациентот, соопшти Министерството за здравство.
Пренесувањето на беснило од човек на човек е исклучително ретко, практично непознато, така што нема опасност за јавноста, се додава во соопштението.
Беснилото обично се пренесува преку каснување, преку плунката на заразено животно.
Пациентот, чиј идентитет не е соопштен, беше осомничен дека ја имаl оваа болест кога беше примен во болница на почетокот на март.
Властите апелираа до луѓето да се вакцинираат пред да патуваат во земји каде беснилото е честа појава.