Првата фабрика за сокови и конзервирана храна во Куманово

Сподели со своите пријатели

На први јули 1964 година во Куманово официјално започнала да работи првата фабрика за производство сокови „Мичурин“.

Loading...

За фабриката биле потрошени 524 милиони динари, меѓутоа таа една година претходно работела пробно и успеала да оствари бруто производство од 156 милиони динари. На странскиот и домашниот пазар освен сок, оваа фирма успеала да пласира и 150 тони преработен зеленчук и 200 тони овошје.

Во почетокот фирмата произведувала само сокови, но подоцна преминала и на производство на конзервирани јадења од боранија, грашок, разни супи, зачини и сушени градинарски производи.

Во фарбиката првата година работеле околу 200 претежно млади работници, а производите биле извезувани низ тогашна Југославија, но и надвор од нејзините граници.

Извор: „Наш весник“ број 66 (среда, 15. јули 1964. година)

Leave a Reply