Првата дама на САД, Џил Бајден телефонски разговарала со Меланија Трамп

Сподели со своите пријатели

Првата дама на САД Џил Бајден телефонски разговарала со нејзината претходничка Меланија Трамп, сопругата на поранешниот претседател Доналд Трамп, објави NBC News, повикувајќи се на неименуван претставник на Белата куќа.

Loading...

Како што беше наведено, Џил Бајден разговарала со Меланија Трамп во неделата попладне.

Разговорот уследи по атентатот врз Трамп во саботата за време на неговиот предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, кога Трамп беше полесно повреден.

Вооружениот напаѓач, 20-годишниот Томас Метју Крукс и најмалку еден од учесниците на митингот беа убиени, а уште две лица кои присуствуваа на собирот беа тешко повредени.