Прва Форумска сесија во Куманово во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“

Сподели со своите пријатели

Денеска се одржа Првата форумска сесија во општина Куманово во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“.

Loading...

Овој проект  е дел од програмската рамка на УНДП, финансиран од Шведска, во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и општините Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струга и Струмица, каде нашата локална самоуправа се јавува како кофинансиер.

На Форумската сесија се обратија градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претставник од УНДП. Резултатите од мониторингот на квалитетот на воздухот и главните извори на загадување на воздухот ги презентираше проф. д-р Дејан Мираковски од Универзитет “Гоце Делчев”- Штип.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Липково ја нападнал својата сопруга

За мерките околу справување со загадувањето на воздухот во општина Куманово зборуваше Филип Стојановски од Центар за климатски промени.

Олгица Апостолова, родова експертка го образложи начинот за идентификување на потребите на најранливите групи на граѓани за почист воздух.

Учесниците имаа можност да дискутираат за одредени активности во насока на справување со загадувањето, како и да предлагаат мерки за унапредување на квалитетот на воздух во Општините.

МИА