Прв случај на пренос на мајмунски сипаници од човек на куче

Сподели со своите пријатели

Италијанско куче се заразило со мајмунски сипаници, што е прв пријавен случај на пренесување на оваа болест од човек на куче.

Loading...

Случајот е пријавен во Париз, а потоа американскиот Центар за контрола и превенција на болести вклучи кучиња во листата на животни кои се подложни на вирусот, објави „Вашингтон пост“.

Потенцијален случај на пренесување на болеста од човек на куче бил откриен кај четиригодишен италијански сивец 12 дена откако неговите сопственици покажале симптоми на мајмунски сипаници, се вели во извештајот на престижното медицинско списание „Лансет“.

Кучето имало лезии на кожата и мукозната мембрана, пустули на абдоменот и улцерации на аналниот канал.

Медицинскиот персонал ја споредил инфекцијата на еден од сопствениците со онаа откриена кај неговиот миленик.

Истражувачите рекоа дека кучето припаѓа на двојка, двајца мажи во немоногамна врска.

Еден од нив има 44 години, додека парнерот има 27 години, се вели во извештајот.

Кучето спиело на кревет со сопствениците, ги лижело

Двојката рече дека го пуштиле нивното куче да спие на креветот со нив и спречиле контакт помеѓу нивното милениче и други луѓе и животни откако тие самите развиле симптоми.

Loading...

Кучето лижело барем еден од сопствениците пред да се излиже, пишува „Лансет“, а пренесува „Фокс њуз“.

„Вашингтон пост“ објави дека мајмунските сипаници ги пустошат геј заедниците, предизвикувајќи загриженост во градовите со голема геј и бисексуална популација, додека Светската здравствена организација ги советува тие групи да ги ограничат сексуалните партнери за да го намалат ризикот од изложеност на вирусот.

На 23 јули, СЗО ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за глобална здравствена вонредна состојба.

– Околу 99 проценти од случаите на мајмунски сипаници во светот се мажи, а од тие 98 проценти се мажи кои имаат секс со други мажи – изјави за „The Post“ во понеделникот Розамунд Луис од СЗО, одговорна за мајмунски сипаници, набргу по „ Лансет“ објави извештај.

На списокот на ЦДЦ се 10 животни

Мајмунските сипаници обично се пренесува од човек на човек со директен контакт со заразен осип, красти или телесни течности.

Може да се пренесе и преку респираторни секрети при подолг контакт лице в лице или интимен физички контакт како бакнување или секс.

ЦДЦ наведува дека оваа болест може да се шири меѓу луѓето и животните, а нивната листа вклучува 10 животни, меѓу кои бројни цицачи како мајмуни, мравојади, ежи, кучиња од прерии, верверички и шурки и – кучиња.

Луис, исто така, рече дека има случаи на луѓе кои се заразиле од ново купени миленичиња.

Loading...

Таа посочи дека доказите за пренесување на вирусот на кучето може да доведат до нови упатства за грижата за домашните миленици доколку живеат во област со заразени луѓе и посочи дека научниците продолжуваат да го проучуваат ширењето на вирусот и дек, на пример, тие сè уште не знаат дали кучето може да ја пренесе инфекцијата на некој друг.

Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.