Протестна нота на Романија поради „непријателскиот гест“ на Австрија

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреска, ја покани амбасадорката на Австрија во Букурешт, Аделхајде Фоли, за да ѝ врачи протестна нота поради нефер и непријателски однос на Австрија во однос на приемот на Романија во Шенген.

Loading...

Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи.

Протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Нехамер, според кои романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во таа земја.

Тоа тврдење е неприфатливо, бидејќи не одговара на реалноста, велат од Министерството за надворешни работи на Романија.