Протести во Перу: Демонстрантите бараат оставка од претседателот

Сподели со своите пријатели

Стотици демонстранти се судрија со полицијата за време на антивладините протести во Лима, барајќи оставка од перуанскиот претседател Педро Кастиљо поради обвиненијата за корупција, јави денеска Би-би-си.

Loading...

Кастиљо, кој беше избран на функцијата во јули 2021 година, веќе се соочи со два обиди за импичмент.

Пратениците од опозицијата бараат иницирање трет импичмент, но признаваат дека ја немаат потребната поддршка во парламентот за да го спроведат.

Кастиљо јавно не го коментираше протестот и барањето негова оставка.