Протести на земјоделците денеска во Брисел, а од понеделник во Франција

Сподели со своите пријатели

Во близина на седиштето на европските институции во Брисел денеска ќе се одржат протести на фармерите против предложениот трговски договор ЕУ-Меркосур, додека француските земјоделци планираат протести по истиот повод од понеделник, 18 ноември.

Loading...

Полицијата очекува прекин на сообраќајот низ Брисел поради протестите на фармерите, предводени од валонската федерација на фармери FUGEA, против предложениот договор меѓу ЕУ и земјите од Меркосур, меѓу кои се и Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, пишува Brussels Times.

Овој договор, кој би можел да биде финализиран за време на самитот на Г20 во Бразил на 18 и 19 ноември, ќе ги елиминира царините за повеќето производи меѓу ЕУ и земјите од Меркосур.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милијардерка осудена на смртна казна поради корупција: Може да ја избегне само ако ги врати украдените пари

Во меѓувреме, претседателот на најголемото француско земјоделско лоби, FNSEA, Арно Русо, објави дека француските земјоделци планираат протести од понеделник за да покажат противење на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Меркосур, велејќи дека зголемениот увоз од Јужна Америка ќе му наштети на земјоделството во ЕУ, додаде Ројтерс.

„Овој трговски договор, кој поврзува дел од јужноамериканските земји со Европа, ризикува да има драматични последици за земјоделството“, изјави Русо за радиото Франс Интер.

Тој додаде дека почнувајќи од понеделник неколку дена ќе се одржуваат протести во сите области со цел да се „слушне гласот на Франција“ за време на самитот на Г-20 во Бразил и изрази надеж дека „сите европски земји ќе се приклучат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Група од 38 виетнамски туристи исчезна во Јужна Кореја

Сепак, француските земјоделци немаат намера да блокираат патишта и автопати за време на демонстрациите, како што направија минатата година кога се одржаа големи протести низ ЕУ поради гневот на земјоделците поради конкуренцијата од поевтиниот увоз, вклучително и од Украина, и регулаторните оптоварувања.

Земјоделците во ЕУ се загрижени за поголем увоз на земјоделски стоки од земјите на Меркосур во ЕУ, особено говедско месо.

Loading...

Стравуваат дека евтините производи, кои не ги исполнуваат истите барања како оние што им се наметнати на европските производители, ќе го преплават европскиот пазар и ќе создадат нелојална конкуренција.

Француската министерка за земјоделство, Ана Женева, во неделата го нарече планираниот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите од Меркосур „лош договор“ бидејќи, како што наведе, ќе овозможи влез во земјата на 99.000 тони говедско месо, 180.000 тони шеќер и слични количини на живинско месо и тоа би довело до штетна конкуренција за локалните производители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прво патување на Трамп во странство по победата: Оди на отворањето на Нотр Дам