Илјадници Јужнокорејци, вклучително и рибари, активисти и политичари, протестираа во Сеул против испуштањето на преработена контаминирана вода од јапонската нуклеарна централа Фукушима во океанот, објави CCTV.
Учесниците извикуваа слогани како „Веднаш стоп со испуштањето на загадената вода“ и „Забрани за увозот на сите јапонски производи од морска храна“, повикувајќи ја јужнокорејската влада да поднесе случај против јапонската влада пред Меѓународниот суд на правдата.
По едноиполчасовниот митинг, демонстрантите вчера маршираа околу пет километри во центарот на Сеул до претседателската канцеларија.
Седум од 10 јужнокорејски граѓани се против јапонското ослободување на обработена радиоактивна вода од Фукушима, покажа истражувањето на компанијата „Research View“.
Погодена од големиот земјотрес и цунамито што следеше во март 2011 година, нуклеарната централа Фукушима претрпе топење на јадрото и контаминираше огромна количина на вода со радиоактивни материи поради ладењето на нуклеарното гориво.
На 24 август, со одобрение на меѓународните регулаторни тела, вклучително и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Јапонија почна да испушта преработена отпадна вода во Тихиот Океан.
Претходно медиумите објавија дека антијапонското расположение во Кина се зголемило по испуштањето на прочистената радиоактивна вода од Фукушима во морето, а се забележани се почести случаи на заканувачки телефонски повици и апели на интернет за бојкот на јапонските производи.