Протест против аболицијата вечерва и во Куманово

Сподели со своите пријатели

Основниот суд во Куманово вечерва ќе биде местото пред кое ќе се одржи протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на сите политичари кои се под истражни постапки поради сомненија дека сториле криминал.

Засега според информациите на социјалните мрежи како организатор се јавува граѓанското движење „Куманово протестира“ преку кое се повикани граѓаните од сите народности, без разлика на културата, традицијата, религијата и политичката ориентираност.

Сведоци сме на бизарноста на централната власт, нејзините криминали и аболицијата која што ја понуди Претседателот на државата. Ве покануваме на 18.04.2016 (понеделник) да ни се придружите пред Основниот суд во Куманово да го искажеме заедно нашиот револт против одлуките за аболиција кои што ја задлабочуваат кризата во државата и ја носат земјата во неповратна изолација, далеку од демократијата, слободата и правдата – велат организаторите на протестот.

Протестот е закажан за 19 часот, а истовремено уште неколку градови се приклучија на иницијативата, по масовните протести кои пет дена по ред беа одржани во главниот град.

 

Loading...