Протест на вработените во ФЗЦ ”11 Октомври”

Сподели со своите пријатели

Работниците од ФЗЦ ”11 Октомври”, утринава протестираат во кругот на фабриката, откако минимум 200 вработени во т.н погон ”Mала пруга” и погон од новата фабрика, биле пуштени на принуден одмор.

Loading...

Како што за Кумановски Муабети соопштуваат вработените, одлуката за протестот не се врзува само за отпуштените работници, односно, причина плус се и деветте задоцнети плати и неплатено здравствено осигурување.

– Актуелниот менаџмент на фабриката ни наложи да завршиме со изработка на цевки за извоз, со ветување дека ќе добиеме барем една од деветте задоцнети плати и платено здравствено осигурување, но, откако истото не беше исполнето, општите работници заедно со отуштените 200 вработени, одлучија да протестираат во кругот на фабриката, велат вработените.

Како што додаваат работниците, новите акционери, т.е сопственици на ДЕТ – ОИЛ,  не се виновни за новонастанатата состојба, и вработените не бараат ништо од нив, бидејќи фабриката сè уште нема одржано акционерско собрание.

Виновни за ова состојба, велат тие, се исклучиво актуелните директори кои одбиле да преговараат со вработените кои протестираат во кругот на некогашниот кумановски гигант.

Leave a Reply