Проруските локални власти ја обвинуваат Украина за делумно уништување на браната Каховка

Сподели со своите пријатели

Локалните власти во областа Херсон, кои беа инсталирани од Русија, денеска ја обвинија Украина дека делумно ја уништила браната Каховка на реката Днепар „со повеќе удари“.

Loading...

Претходно, украинските власти ги обвинија руските сили за уништување на браната во јужна Украина во близина на Херсон и ги предупредија жителите низводно од реката Днепар да се евакуираат поради опасност од поплави.

„Синоќа неколку удари ја погодија браната Каховка“, напиша преку Телеграма Владимир Леонтиев, градоначалник на Нова Каховка, која се наоѓа во близина на браната.

Тој рече дека во ударите биле уништени вентилите на браната, што предизвикало „неконтролирано излевање на вода“.

Леонтиев рече дека околу 80 населби низводно може да се наоѓаат во зоната на поплава, пренесува ТАСС.

Според шефот на Нова Каховка, вооружените сили на Украина продолжуваат да го гранатираат градот.

Леонтиев рече дека уништувањето на браната ќе доведе до проблеми во снабдувањето со вода на Крим, но додаде дека уништувањето на вентилот сè уште не претставува никаква критична опасност за нуклеарната централа Запорожје.

Од украинската страна, која ги обвинува руските сили за оштетување на браната, претседателот Володимир Зеленски свика итен состанок на Советот за национална безбедност.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.