Пронајдени тела на тројца американски војници во Литванија

Сподели со своите пријатели

Телата на тројца американски војници во Литванија се пронајдени откако нивното оклопно возило беше извлечено од мочуриште, додека потрагата по четвртиот исчезнат војник продолжува, соопшти во понеделникот американската војска во Европа и Африка.

Loading...

Војниците исчезнале на 25 март за време на рутинска вежба во Пабраде, североисточно од главниот град Вилнус, додека се обидувале да влечат имобилизирано тактичко возило, јавува Анадолија.

Нивното возило М88А2 Херкулес беше откриено потопено следниот ден.

Мултинационална потрага предводена од литвански, американски и полски сили, заедно со нуркачи на американската морнарица, го извлекоа возилото тешко 63 тони од нестабилниот терен и се уште е во тек.

Потрага по исчезнатите

„Потрагата не е завршена додека сите не се вратат дома“, рече генерал-мајор Кристофер Нори, командант на 3-та пешадиска дивизија.

Американската војска објави дека продолжуваат заедничките операции за пребарување со литванскиот персонал и додаде дека НАТО, исто така, придонел за тие напори.

„Американската војска и литванските власти ги истражуваат причините за несреќата“, се вели во соопштението.

„Нашето најдлабоко сочувство изразува до војниците, семејствата, пријателите и Првата оклопна дивизија“, рече портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус.

Loading...

Американските сили рутински учествуваат во заеднички вежби за обука со сојузниците на НАТО во Литванија.