Пронајдени остатоци од брод стар 3.000 години: Откритието ќе ја промени историјата!

Сподели со своите пријатели

Брод стар повеќе од 3.000 години со товарот непроменет е пронајден во близина на северниот брег на Израел, а предметите од мистериозниот брод наскоро ќе ѝ бидат откриени на јавноста.

Loading...

Остатоците од бродот и делови од неговиот товар, на длабочина од околу два километри, на дното на Средоземното Море, ги откри компанијата „Енерџиан“, која оперира во близина на Израел.

Истражувањето на компанијата откри брод со стотици амфори, бокали со двојни рачки кои се користеле за складирање на стоки како вино или маслиново масло за време на бронзеното доба.

„Изгледа дека бродот потонал поради бура или пиратски напад – што била вообичаена работа во доцното бронзено време“, рече Џејкоб Шарвит, шеф на поморската единица на израелската управа за антиквитети.

Потонатиот брод бил пронајден минатата година на 90 километри од брегот на северен Израел, а официјалните лица процениле дека датира од 14 или 13 век п.н.е.

Стар повеќе од три милениуми, датира од времето кога поморската трговија почнала да цвета за време на бронзеното време.

Тимот на Енергеан кој го истражувал морето пронашол бројни бокали натрупани на морското дно, изјави Карнит Бахартан, директор на Организацијата за животна средина.

„Кога им ги испративме (на властите за антиквитети) сликите, се покажа дека е сензационално откритие, многу повеќе од она што можевме да го замислиме“, рече Бахартан.

Loading...

Шарвит додаде дека локацијата на откритието открива дека древните морнари можеле да се движат без да видат крајбрежје, веројатно користејќи ја позицијата на ѕвездите и Сонцето.

„Ова е откритие од светска класа што ја менува историјата“, нагласи Бахартан.

„Енергеан“ изврши операција за извлекување на дел од предметите, која наскоро ќе биде претставена во јавноста.