20.06.2019 11:17

Пронајден нов животински вид: Половина мачка, половина лисица (ВИДЕО)


Животно кое изгледа како домашна мачка со долги влакна конечно би можело да биде познат како нов вид. Постојат 16 мачки-лисици кои шетаат по северните делови на медитеранскиот остров Корзика и се вложуваат напори тие да се прогласат за заштитен вид.

Наликуваат на домашните мачки и имаат должина од 90 снатиметри, од глава до опашот, имаат многу широки уши, кратки бркови и развиени заби. Имаат и темни странични нозе и црвен стомак.

loading...

Животински видови кои изумреа минатата година благодарение на човекот (ФОТО)

Главниот еколошки техничар на Националната канцеларија за лов и дивчер Пјер Бандети истакнал дека тие веруваат оти тоа едив вид кој бил познат, но научно не бил идентификуван, затоа што тоа е исклучително незабележливо животно.

– Ова е прекрасно откритие. Нивната големина и опашката им го донесоа името мачка-лисица, рекол тој.

Неговиот колега истакнал дека оваа животно има одалечено живеалиште за кое е карактеристичен водениот и растителен покривач кој нуди заштита од главниот предатор Златниот орел.

Милион видови живи суштества во опасност од изумирање

Тие успеале да уловат и пуштат меѓу 12 и 16 вакви животни, па се надеваат дека овој вид наскоро ќе биде заштитен.

Животното за прв пат е уловено во 2008 година, а до тогаш за него само постоеле приказни. Истржаувањето започнало во 2012 година.

Се уште има бројни мистерии за оваа животно.

loading...

Пронајдена желка за која се мислело дека е изумрена (ВИДЕО)

Нивната исхрана и репродукција допрва треба да се проучи, а се верува дека на Корзика е донесена 6.500 години пред новата ера.

Се истакнува дека тоа би значело оти нејзиното потекло е блискоисточно.

Извор: metro.co.uk / фото: Youtube Printscreen AFP news agency


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments