Нуркачите пронајдоа остатоци од брод од 19 век полн со неотворени шишиња шампањ и минерална вода во длабочините на Балтичкото Море.
Loading...
Потонатиот брод бил откриен во близина на шведскиот брег од тим полски нуркачи, предводени од Томаш Стачур, јавува Си-Ен-Ен.
Стачур изјавил дека остатоците од бродот биле полни со гајби со шишиња шампањ, минерална вода и порцелан.
Според него, пронајдени се околу 100 шишиња.
Откривањето на минералната вода е особено интересно, бидејќи станува збор за запечатени глинени шишиња со брендот Selters на познат германски производител, чија минерална вода често била резервирана за кралските трпези во 19 век.