Промоција на книгата „Скротителка на змејови“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Утревечер со почеток во 18 часот во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе се одржи промоција, презентација и популаризација на едно поинакво, автентично дело од авторката Дијана Петкова.

Loading...

Промотор на делото „Скротителка на змејови“  хаи (бун) наку ќе биде Елена Пренџова, а гости кои ќе го надополнат настанот со своите индивидуални произнесувања се Наташа Малинка – Миновска и Емилија Дамјановиќ.

Хаи(бун)наку, е нова кратка форма на изразување-вкрстувачки жанр, варјанта на хаибунтот. Станува збор за едноставна форма, достапна за сите оние што сакаат на едноставен начин да му соопштат нешто на светот, форма во која раскажувачот и поетот договориле средба на една страница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

„Скротителка на змејови“ е збирка текстови на куса модерна хибридна книжевна форма именувани од страна на авторката Дијана Петкова како хаи(бун)наку.

„Скротителка на змејови“ е книга за секого … Книга за прочит! … како што истакнала  Елена Пренџова.

Дијана Петкова е родена во Скопје каде што и денес работи, твори и живее. Дипломирала на Филолошкиот факултет на групата Македонски јазик со историја на книжевностите на југословенските народи. Автор е на следниве збирки поезија „ Стефанија“(1999), „Деца од свила“(2011), „Нова реалност за просторот“(2013), „Честичка свесност“(2014), „Мамо што има за јадење?“(2016),„Енсо*Поврзување со целоста“(2017), „Поврзи се..“(2018), „Растајнување на светлината“(2019), „Момент на денот“(2020) и „Скротителка на змејови“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило

Интегрално соопштение