Промашениот пенал на Емил Ташевски

Сподели со своите пријатели

12108137_10205903899130792_3582957978029359792_nПоттикнат од многуте прашања што ги отвори колумната на Емил Ташевски, но пред се од неговата младост која се става во функција на една ригидна и застарена политика која е во заминување, би сакал да продолжам со полемиката.

Loading...

За  душата на градот, контекстот е многу поширок и посуштински од ова што вие (СДСМ) сакате да го претставите. Потребата да се  симплифицираaт и релативизираат работите, отсекогаш била иманентна за СДСМ и нивните претходници. Провинцискиот статус  е  забетониран како резултат на ваквиот начин на размислување, фаворизирање на односот на подреденост, главен  град – провинција и сеопштата малодушност, која  може да се забележи во колумната, а чиј главен политички промотор во Куманово е СДСМ.

Кога се работи за културата во градот, да ве прашам што стана  со културното лето во Куманово? Има многу прашања, сметам дека ова е доволно за почеток.

Што се однесува за економските перспективи сакам  да ве потсетам дека Зоран Дамјановски во  2013-та година ветуваше изградба на индустриска зона во реонот на Речица, но и како сè друго, остана  само ветувањето. Локалната власт требаше да обезбеди инфраструктура за да дојдат инвеститорите. Наместо тоа имаме само оправдувања дека централната власт го кочела, изговори дека бил блокиран и на крај ништо конкретно да  се преземе.

Има пример на многу успешни градоначалници кои се целосна спротивност на кумановскиот и кои со многу работа и принципиелна политика создале многу,па дури и работи што се надвор од нивните ингеренции. Се поставува прашањето колку од 3.5-те милиони евра предвидени за изградба на водоводна и канализациона инфраструктура на Куманово се искористени?

Со колку проекти аплицираше општина Куманово од фондот од околу 20 милиони евра обезбедени од Европската Унија и Владата на Република Македонија  за поддршка на  руралните средини?

Овие и уште многу прашања кои заслужуваат одговор.

Расчистување со криминалот и корупцијата во општината е посебна приказна која секогаш завршува така што градоначалникот ја менува  темата и почнува да зборува за безбедноста во градот, да анализира, да предупредува, да покажува загриженост потикната од само за него достапни индиции  и слично. Не ретко дефокусирањето го шаблонзира со тезата дека против него се води хајка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, дека преку маките на народот некој политички се пресметува со него, што е гротеска во очите на  мнозинството кумановци.

Loading...

Обновувањето на културата на заедништво преставува благородна и обединувачка идеја која секој мора да ја поддржи. Во последно време загрижува тоа што секоја прилика ја користите за да ја девалвирате и злоупотребите за политички цели успешната акција  на македонската  полиција во Дива населба на 9-ти и 10-ти мај оваа година.

Од ваша страна се шират големи невистини за наводна вмешаност на Владата во планот на терористичката  група која беше  откриена и неутрализирана. Се поставува прашањето кој е вашиот удел во градењето на заедничкиот живот? Дали тоа што веднаш после борбите отидовте во Дивата населба, и пред локалните жители сакавте да се  претставите како нивни заштитници, а Владата и ВМРО-ДПМНЕ како нивни најголем непријател кој преку кризата и загрозувањето на животите на граѓаните, сакале да го  сокријат сопствениот криминал.

Свесни ли сте каква штета правите?

Дефинитивно ставање на крај на политичкиот реваншизам и омразата треба да биде цел на секоја партија која проектира  долгорочни политики. Вашата реакција е уште една потврда за цинизмот кој е од епидемски размери.

Поттикнат од искрени намери, тука ќе застанам, и само ќе кажам дека сите заедно треба серизно да му пристапиме на овој проблем. Секој чин на омраза, повик за линч и насилство  треба да биде  спречен и осуден.

Што се однесува за  вашиот коментар за поставувањето на високи стандарди за Куманово, би сакал да прашам кога, колку пати и во врска за  што градоначалникот побарал средба или пак поддршка од централната власт и ВМРО-ДПМНЕ?.

Наместо тоа, тој беше презафатен со  oдработувањето на  валканите  кампањи на Бранко Црвенковски и Зоран Заев против ВМРО-ДПМНЕ, главно преку  обиди  за државен удар, глумење жртва на “тоталитарниот режим”и слично. Сето тоа одзема многу време и енергија, така да речиси ништо  не останува за Куманово, па сега некој друг бил виновен.

Околу младите и нивната перспектива во градот, спомнавте Ирак, Авганистан и други држави каде нашите сограѓани отидоа да работат. Тука се наметнува прашањето на колку од нив, и со кои мерки локалната власт им помогна заработените пари да ги вложат во сопствен бизнис?

Loading...

Коментарот за семејните вредности е толку малициозен што само би искоментирал дека ВМРО-ДПМНЕ со многу  примери до сега има покажано дека  семејствата се главниот фокус на многу политички одлуки.

 За патриотизмот само ќе ви кажам  дека нема ништо лошо во тоа да се сака својата земја. Нема тука никаков кукавичлук, во прашање е домашно воспитување и негување на љубовта кон својата земја. Тоа што се проблематизира патриотизмот од ваша страна е јасен индикатор за каква култура и свест се работи во СДСМ.

Навистина боли кога млади луѓе со презир зборуваат за Македонија како за нешто од што се срамат, и за кое секогаш имаат голема доза на резерва. Според искривената логика, сите се подобри од нас, Македонија секогаш е на дното и заради тоа е и  нашата борба во конечната пресметка со оваа матрица која ги труе младите животи со антимакедонски чувства, млади луѓе кои треба да бидат главниот двигател на развојот на градот и државата.

И покрај големите разочарувања кои ги предизвика твојата колумна брате Емил Ташевски, убеден сум дека набргу ќе ти биде сосема јасно дека оваа локална власт претставува голем проблем за Куманово.

Од нешто што требаше да биде инспиратор на одговорна и развојна политика, се претвори во бизнис, во обична агенција за криминално посредување и други услуги од сомнителен карактер. Но, што да се прави кога најодговорните за оваа блокада, катадневно со тебе и твоите врсници во СДСМ,  манипулираат со сто пати повторената лага, која за вас е апсолутна вистина а тоа е дека во Македонија постои едно огромно зло кое се вика ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, зло кое треба да се уништи, а со тоа и  причината за сите наши проблеми.

Промашивте уште еден пенал, уште една подадена рака за општото добро ,но никогаш не е доцна, посебно за тебе млад брате, успехот е пред тебе и во твојата храброст, друг пат кога ќе шутираш, да го  облечеш  вистинскиот дрес, оној на Куманово и Македонија, бидејќи само така голот и победата ќе бидат заеднички.

Пишува: Дејан Ристов-политиколог

Секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Куманово

Loading...