Индустриското столарско претпријатие „Димче Еребица“ од Куманово, во 1965 година имало производствен план од една милијарда денари. Со планот биле опфатени нови производи кои биле барани на домашниот и странскиот пазар, меѓу кои современ мебел и градежна столарија.
Пласманот на производите од „Димче Еребица“ во Југославија се реализирала по најдобар план. Најдобра продажба била остварена во Македонија, Србија и Космет, каде што претпријатието имало свои продавници. Поради малиот производствен капацитет не можеле да бидат опфатени и другите републики од СФРЈ.
Меѓутоа, колективот успеал своите производи да ги пласира на пазарите во Западна Германија, Холандија и Австрија. Во овие земји најмногу се извезувале спални, кујни и ситен мебел.
Голема тешкотија колективот имал при снабдување со суровини кои во Македонија ги немало во доволни количини и кои не можеле да бидат увезени.
Во настојувањето да се модернизира производството постојано биле набавувани нови и современи машини.
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 80 (понеделник, 15. февруари 1965. година)