Времето денеска низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 29 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време со услови и за облаци и дожд, но и за сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 22 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе достигне 24 степени целзиусови.

Во понеделник ќе имаме променливо време со слаб до умерено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 26 степени целзиусови.

Претстојната работна недела носи пораст на температурите и повеќе сончеви денови.
Никола Ивановски

