Американката Ејми Капс (33) се нарекува себеси професионална љубовница бидејќи излегува само со оженети мажи.
Врз основа на нејзиното богато искуство, Ејми има неколку совети за сите мажени жени кои се плашат да не бидат изневерени од нивните сопрузи.
Се разбира, советот на Ејми нема да им се допадне на сите.
– Партнерот гарантирано ќе остане покрај вас доколку му ги исполните сексуалните фантазии – рекла Ејми.
– Мора да гледате порнографија заедно, да бидете отворени за нови пози, да ја менувате бојата на косата и да носите нешто што вообичаено не го носите – додала таа.
– Бидете секси во јавност – на мажот му се допаѓа самодовербата, па покажете го задникот и деколтето. Мора да играте разни улоги, како и да водите љубов на необични места . Ризикувајте и бидете провокативни и никогаш не плашете се јавно да ја покажете вашата љубов. Научете ги неговите фантазии и ќе го задржите засекогаш. Мажите гледаат порнографија со причина, објасни Ејми.
Интересно, Ејми изјавила дека оженетите мажи често имаат речиси идентични поплаки за нивните партнерки.
Ејми рече:
– Често слушам: „Жена ми веќе нема секс со мене“, „Ги сакам моите деца, но ми ја уништија интимноста“, „Жена ми е здодевна и нема време за мене“ и „Жена ми нема сексуална привлечност, не е авантуристички настроена и не сака да ризикува“.
Ејми исто така истакна дека партнерите кои не ги споделуваат своите сексуални фантазии често се чувствуваат погрешно разбрани.
– Секогаш треба да наоѓате време еден за друг без разлика колку сте зафатени. Не плашете се да полудите во спалната соба, па дури и да поканите трето лице да ви помогне да ги зачините работите, советува Ејми.
Самата Ејми била изневерена во бракот.
Таа рече:
– Мојот сопруг ме изневеруваше со многу помлада жена. Неколку мои пријатели го виделе со друга, во повеќе наврати. Се чувствував ужасно некое време, но сфатив дека не ми треба. Не се обвинував себеси за тоа“, рекла Ејми.