Продолжува штрајкот во училиштата

Сподели со своите пријатели

Учениците од утре нема да се вратат во училишните клупи.

Loading...

СОНК не ја прифати понудата за зголемување на платите на наставниците на 10 проценти.

Утре учениците нема да се вратат на училиште, а градинките ќе згрижуваат само деца чии родители нема каде да ги остават.

– Понудата не е прифатена бидејќи, како прво, е усна. Нема писмена форма. Како второ, 95 отсто од членството се изјасни дека не сака таква понуда. Жалиме што и понатаму училиштата ќе бидат отворени само за влез, но не и за настава, изјави Лена Спасеновска Поповска, регионален претседател на СОНК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ние од ЗНАМ кажавме дека нема коалиција додека не се потпишат и дефинираат црвените линии за Македонија

Засега и натаму останува барањето за линеарно зголемување на платите за 18,4 отсто.