Активистките за женски права и неколку илјади луѓе кои ги поддржуваат, и вчера, петти ден по ред протестираа ширум Полска поради заострување на строгиот закон за абортус.
На улиците во Варшава излегоа воглавно млади демонстранти и го блокираа собраќајот за време на најголемата гужва.
Во Краков демонстрантите извикуваа „Оваа е војна“.
Полскиот Врховен суд минатата недела одлучи дека е неуставно да се прекине бременоста поради вродени оштетувања на фетусот, а со пресудата стриктно се забранува речиси сите абортуси во Полска.
Одлуката на судот се уште не стапи во сила, бидејќи се уште не е официјално објавена.
Невладината организација Федерација на жени и планирање на семејството соопшти дека годишно во Полска се извршуваатод од 100.000 до 150.000 абортуси,од кои некои илегално, а некои во странство.
Марина Илиевска