Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија продолжува со реализација на проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“.
Сите заинтересирани пензионери, почнувајќи од 15-ти јануари па се до 15-ти февруари 2018 година, може да поднесат барање за користење на услугите од двата проекти во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Право на користење на услугите од овие проекти имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија.
За разлика од претходните години, во 2018 година се овозможува услугата да ја користат корисници на пензија на кои износот на пензијата за ноември изнесува до 17.000 денари. При бодирање и рангирање на корисниците на пензија единствено ќе се земе во предвид висината на пензијата, при што понискиот износ на пензија ќе има повеќе бодови. Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава при бодирањето ќе се земе во предвид и износот на пензијата која се исплатува и од другата држава.
Корисниците на пензија коишто ја искористиле услугата на Бањско климатска рекреација во 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година или Бесплатен туристички викенд во период 2015, 2016 и 2017 година немаат право да ја користат услугата во 2018 година. Со ова се остава можност да бидат опфатени што повеќе пензионери кои претходно немале можност да ги користат услугите на проектот Бањско-климатска рекреација.
Услугата на Бањско климатска рекреација може да се користи еднаш во период од март до ноември 2018 година, во траење од 7 дена и опфаќа :
-
6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно)
-
бањска терапија
-
задолжителен здравствен преглед