Продолжува потрагата по потпретседателот на Малави

Сподели со своите пријатели

Војниците, полицајците и шумските чувари денеска ја продолжија потрагата по потпретседателот на Малави, Саулос Чилима, поранешната прва дама Шанила Џимбири и осум други владини претставници, по сомнежите дека воен хеликоптер се урна во планинскиот регион на северот на земјата.

Loading...

Како што беше претходно објавено, постои сомневање дека Чилима можеби загинал при принудното слетување на воен хеликоптер во шумата Чикангава и неуспешниот обид за слетување на аеродромот Мзузу поради неповолните временски услови.

Во вчерашната потрага учествувале околу 600 лица, соопштија властите, а пренесува АП.

Се вели дека 300 полицајци им се придружиле на војниците и шумочуварите во потрагата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Портпаролот на Црвениот крст на Малави, Феликс Вашони, рече дека неговата организација исто така има членови на тимот вклучени во потрагата и дека користат дрон за да помогнат во пронаоѓањето на хеликоптерот.

Претседателот на Малави Лазарус Чаквера рече дека САД, Обединетото Кралство, Норвешка и Израел понудиле помош во потрагата.

Американската амбасада во Малави соопшти дека понудила употреба на мал авион Ц-12.

Порталот Малави 24 во понеделникот објави дека потпретседателот Чилима отпатувал на погребот на адвокатот Ралф Касамбаре, пренесува Zimbabwe Mail.

Loading...