Продолжува нестабилното време со грмотевици и пороен дожд

Сподели со своите пријатели

Сончево и топло со мала до умерена облачност, во западните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Попладне развој на нестабилна облачност ќе има на повеќе места, вклучувајќи ја и Скопската котлина каде ќе има пороен дожд и грмежи.

Во Куманово и околината претпаде ќе имаме сончево до умерено облачно време, а во попладневните часови не очекуваат грмотевици и локална нестабилност со пороен дожд.

И утре во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има и услови за појава на ситен град, особено во северните и источните делови.

Во сабота ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи.

Од понеделник ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и свежо со пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови.

Leave a Reply