Продолжува чистењето на речните корита во кумановско

Сподели со своите пријатели

Продолжува расчистувањето на речните корита во кумановско, соопштија денеска надлежните од општината. Коритото на Кумановка делумно беше исчистено изминатиов период, по што дел од граѓаните кои живеат во населбите долж течението на реката, повторно фрлаа смет во реката.

Loading...

Општина Куманово во средината на овој месец склучи договор со компанија по претходно објавен тендер за расчистување на диви депонии на територија на општината и чистење на речните корита на реките Којнарка, Липковка, Кумановка и Крива река на територија на општина Куманово и диви депонии.

На огласот, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, избрана е фирмата „ЕВРОГРАДБА-ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ село Владиевци, општина Василево. Вредноста на склучениот договор е 3.974.299 денари со вклучен данок на додадена вредност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово загуби од РК Пролет

Екологистите пак сметаат дека има решение, кое не вклучува постојано трошење на ресурси на проблем кој се повторува.

Тие претходно предложија да се формира специјална бригада која ќе оперира на подрачјето покрај речното корито, редовно изнесување на смет, неколку пати во неделата и поставување на големи садови покрај течението на реката.

Кумановци велат дека треба да се исчистат и коритата долж теченијата на реките и во другите делови од градот.

Тие повикуваат на засилени контроли, суштинско применување на законските одредби и казни за несовесните граѓани кои фрлаат смет во речните корита.

МИА

Loading...