Продолжен рокот за прибирање предлог- проекти за културни манифестации (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Продолжен е рокот за аплицирање на јавниот повик на Општина Куманово за предлог проекти за програмата за културни манифестации за претстојната 2025 година.

Loading...

Раководителот на Одделението за култура и спорт во Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита  при Општина Куманово, Александар Крстевски, денеска најави дека рокот се продолжува за дополнителни 15 дена.

– Рокот за поднесување се продолжува од денешен датум, заклучно со 5.11.2024 година. Критериумите и потребната документација се веќе достапни во јавниот повик. Ова го правиме затоа што има организации кои имаат проблем со издавање на дополнителни документи, за да бидат комплетни и да им дадеме шанса на многу нови организации, млади лица, да допринесат културните случувања во овој град да се зголемат, изјави Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци обивале и краделе од автомобили, полицијата ги приведе

 

 

Критериумите, потребната документација и рокот и начинот на доставување на барањата ќе бидат детално објавени во самиот јавен повик, достапен на општинскиот веб сајт.