Продолжен притвор на обвинетите за шпионажа во Албанија

Сподели со своите пријатели

Албанскиот суд нареди да им биде продолжен притворот на Русин, Русинка и Украинец додека трае истрагата за нивните наводни шпионски активности во поранешната фабрика за производство на воено оружје.

Loading...

Двајцата осомничени руски државјани се 25-годишниот Михаил Зорин и 33-годишната Светлана Тимофојева, додека Украинецот е идентификуван како Федир Алпатов, но властите не ја соопштуваат неговата возраст.

Тие беа уапсени минатата сабота во и во близина на поранешна воена фабрика во Грамшо, 80 километри јужно од главниот град Тирана, поради фотографирање во фабриката.

Судијката Пајтима Фетаху, која претседава со судот во градот Елбасан, 40 километри јужно од Тирана, одлучи да го прифати барањето на обвинителството за продолжување на притворот на тројцата осомничени поради основаното сомнение дека „собирале тајни информации од воена или каква било друга природа во корист на странска сила, со тоа ја загрозија независноста на земјата“, пренесува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

Сепак, судијата Фетаху го отфрли посериозното обвинување дека „некои од информациите се веќе предадени“ на непозната странска држава.

Рочиштето се одржа зад затворени врати и засега не е јасно зошто осомничените навистина би можеле да се интересираат за поранешната фабрика за производство на воено оружје.