Привршува изградбата на паркот за миленици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Привршува изградбата на паркот за миленици во Куманово, соопштија денеска надлежните од општината.

Екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ хортикултурно го уредуваат паркот, кој е лоциран во близина на спортската сала во Куманово.

Општина Куманово за изградба на паркот за миленици одвои 898.032.60 денари со вклучен данок на додадена вредност. На јавната аукција избрана е кумановската компанија „Арс дизајн ДООЕЛ“.

 

 

И во стариот градски парк преку изградбата на т.н.„Смарт парк“ предвиден е дела за миленици. Овој парк се гради преку проектот на Центарот за развој на североисточниот плански регион „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“ и предвидени повеќе содржини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  143 милиони денари за целосно завршување на Театар Куманово (ФОТО)

Во паркот, кој се наоѓа во близина на автобуската станица ќе има нов простор за спорт и рекреација, нови пешачки патеки, нови Смарт клупи, соларни канделабри, ново детско катче, парк за миленици.

МИА