Приведено лице од липковско, превезувал огревно дрво без документација

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишник од липковското село Гошинце бил приведен вчера поради транспорт на огревно дрво без соодветна документација.

Loading...

– На 23.10.2023 во 09.45 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, кај наплатна станица Романовце, го лишиле од слобода Ј.С.(26) од с.Гошинце, општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина буково огревно дрво за кое не поседувал соодветна документација.

Притоа, како што додаваат од МВР, од извршениот увид во приложените документи биле констатирано дека бројот во сообраќајната дозвола не се совпаѓа со бројот на возилото, поради што постои основано сомнение дека употребил фалсификуван документ.

– Лицето е приведено, пронајдените дрва се предадени на Шумска полиција Куманово, а по целосно документирање на случајот против Ј.Ц. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението.

Никола Ивановски