Приведено лице избегало при спроведување кон Затвор Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишно лице од Штип, кое било приведено и спроведувано кон Затвор Куманово, им избегал на полицајците.

Loading...

– На 28.03.2024 околу 19.45 часот, при спровод на Р.Џ.(26) од Штип, лице лишено од слобода, од ОВР Неготино до Казнено – поправната установа Затвор Куманово, полициските службеници кои го спроведувале го запреле возилото на бензинска пумпа пред патарината во Куманово, по што Р.Џ. се дал во бегство, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат