Судија од Кривичниот суд во Скопје го разгледува предлогот за определување на мерка притвор како и делата за кои се товарат осомничените, по што треба да се донесе одлкука дали и какви мерки да бидат превземени
Во моментот се спроведени неколку од приведените во акцијата на МВР која се одвива од раните утрински часови на повеќе локации низ државата за приведување лица за кои постојат основни сомненија дека учествувале во паравоени формации на боиштата во Сирија и други региони во светот каде има воени конфликти, како и лица кои македонски граѓани ги врбувале да учествуваат во борбите во Сирија.
Седум до десец лица се веќе изведени пред истражен судија, а според информациите од Ктивичниот суд се очекува во текот на денот да се спроведат уште лица.
Од полицијата повеќе детали најавија во текот на денот.
За потсетување според првичните информации, акцијата се спроведуваше на неколку локации во Скопје, Струга, Куманово Тетово и Гостивар каде су уапсени повеќе лица, а специјалните единици на МВР според неофицијални информации упаднаа и во една џамија во Скопје која важела за упориште на овие членови, а која со години била надвор од контролата на ИВЗ.