Приведени тројца кумановци, нападнале сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово, од кои едно малолетно, биле приведени под сомнение дека физички нападнале сограѓанин.

– На 11.07.2024 година во 22.40 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.А. (44), Р.Р. (42) и малолетник, затоа што физички го нападнале Ф.А. (29) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со 700.000 евра ќе се реконструира спортскиот комплекс „Соколана“ (ФОТО)