Приведени родители од Отља, ја малтретирале својата 18-годишна ќерка

Сподели со своите пријатели

Брачен пар од липковско Отља бил приведен вчера по пријава дека психички и физички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка.

– На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село Отља, липковско, затоа што психички и физички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Пожарникарите помагаат во Липково, но не го оставаме Куманово без резервни тимови (ВИДЕО)