Приведени менаџер и управтел на угостителски објект од Куманово

Сподели со своите пријатели

Менаџер и упавител на угостителски објект од Куманово биле приведени оти не ја почитувале одлуката на Владата за седумденвна жалост.

Loading...

– На 22/23.03.2025  на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР; на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест лица приведени на ГП Табановце поради питачење

Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се  приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект.

– По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски