Две лица од Куманово биле приведени вчера откако полицијата кај нив пронашла грутчеста материја, за која се сомневаат дека е дрога.
Loading...
– На 05.02.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.А. (43) и Н.А.(37), двајцата од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена грутчеста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски