Кумановската полиција приведе четириесет и едногодишник осомничен дека организирал внесување и продавање дрога во затворот во К’шање.
– На 07.03.2024 во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.А.(41) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што објаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека на В.М. од Куманово и Ш.Ш. од Радовиш, осуденици во Казнено-поправната установа Затвор К’шање, им организирал внесување и продажба на дрога.
– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Инаку, претходно во два случаи беше откриена дрога во затворот, а во едниот и поголема количина марихуана од 14 пакувања и една ќеса.
Никола Ивановски