Приведен кумановец со 550 парчиња пиротехника

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако полиција му пронашла и одзела 550 парчиња пиротехнички средства.

Loading...

– На 21.12.2023 година во 12.50 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н. (51) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени 550 парчиња пиротехнички средства, информираат од Министерството за внатрешни работи.

А.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор