Приведен кумановец. Се однесувал агресивно кон полицајци

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчера поради агресивно однесување кон полициски службеници.

Loading...

– На 28.03.2024 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Ќ.А.(39) од Куманово затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат